Царински постапки при увоз, извоз, трансит и реекспорт на стока
Процедури за УВОЗНО ЦАРИНЕЊЕ (Увоз на стока)
1. Увозникот e пред се неопходно да е регистриран за работа во надворешно трговскиот промет и во Регистарот на Царинската управа на РМ.
2. Неопходна е увозна фактура за стоката која се царини
фактурата мора да содржи точни податоци за стоката која се увезува;
доколку користи преференцијални стапки да има исправно пополнета;
– ИЗЈАВА од Извозникот согласно одредбите на Спогодбите на РМ со соодветната земја од каде се врши увозот;
јасно да биде нагласен паритетот на испораката согласно одредбите на ИНКОТЕРМС 2017
– листа со количина на роба и нивно пакување(пакинг листа)
– меѓународен патен или авионски товарен лист
– соодветни документи за потекло на робата
3. Полномошно до застапникот
тоа е готов образец кој може да се превземе електронски од www.customs.gov.mk или да се добие од страна на било кој царински агент во два оригинални примерока за секоја Царинска испостава посебно и се заверува во сопствената архива
се приложува копија од Тековна состојба на правното лице од издадена од Централниот регистар на РМ не постара од 6 месеци.
6. Доколку стоката по вид бара одредени режими на трговска политика, на пример дозволи од одредени министерства, агенции или нивни бироа што е одредено со самиот Закон за царинска тарифа, за да нема задршки на возилата кои ја транспортираат стоката на граничните премини и тоа да Ви створи непотребни трошоци како авто денови треба да се направат молби до соодветните институции и тие институции да Ви дадат соодветни дозволи претходно.
7. За секоја стока која претставува храна, додаток на храна, машини за изготвување на храна, садови и се она што е во допир со храна неопходен е органолептички преглед од стручните служби на Министерството за земјоделство – Дирекција за храна, документите за кои ги изготвуваме ние, но за кои е неопходно да се имаат следните документи:
ХТП за правното лице Увозник
Сертификати за квалитет издадени од надлежната здравствена служба од земјата Извозник
мостри-кои санитарниот инспектор ги зема за анализа и за кои издава Записник.
За навремено издавање на дозвола за увоз потребно е документите да се поднесат еден ден претходно.
6. За секоја стока која се увезува потребен е преглед од стрна на Пазарната инспекција при Министерството за економија на РМ. При ова неопходно е стоката на секој одделен примерок да има налепено соодветна декларација на македонски јазик согласно Законот од страна на испраќачот.
– За техничката стока потребно е во секое пакување да има УПАТСТВО за работа со апаратот, податоци за овластен сервис и гарантен лист на македонски јазик, изготвени според условите дадени во Законот. Доколку тоа не е сторено тогаш стоката се истовара под царински надзор во некое јавно царинско складиште каде со одделна молба се овозможува лепење на таквите декларации и вметнување на останатите претходно спомнати документи во пакувањата.
СЕ ОВА ДО СЕГА КАЖАНО СЕ ОДНЕСУВА ЗА СТОКА ЗА ПОНАТАМОШНА ПРОДАЖБА
Доколку стоката е репро материјал или основно средство за познат купувач тогаш истиот е потребно да приложи изјава во форма за која царинските агенти ќе информираат согласно видот, количината, како и согласно начинот како е пристигната стоката и бројот на документот, односно фактурата со која истата е пристигната.
По прибирањето на потребните документи се изготвува царинска декларација за увоз по која треба да се платат обрските кон државата за да може стоката да се пушти во слободен промет.
ВАЖНО!!!: За секоја стока Увозникот треба да го информира царинскиот агент точно за видот на стоката и да подготви превод на фактурата по која ќе се подготвуваат документите.
***Досега кажаното се однесува за редовен увоз на стока.
За сите останати видови на увоз како привремен увоз, ивоз за облагородување и сл. Условите ги диктира Законот за царина и потребно е да се консултирате со Вашиот царински агент.
ПРОЦЕДУРИ ЗА ЗА ИЗВОЗНО ЦАРИНЕЊЕ (Извоз на стоки)
1. Потребна е фактура за извоз на која ќе бидат наведени стоките кои се извезуваат – два примероци за Царинарницата и најмалку три за превозникот и пакинг лист (колети и тежина – бруто и нето).
Фактурата покрај податоците за стоката потребно е да го има:
впишан износот со букви,
паритетот на стоката по INCOTERMS 2017,
забелешка дека стоката е ослободена од плаќање на ДДВ согласно одредбите на чл.24.1 од Законот за ДДВ
Банка во која приемачот на стоката треба да го извши плаќањето
Ако фактурата не е напишана на македонски јазик тогаш неопходен е и превод на истата за потребите на.
2. Потребен е товарен лист (ЦМР) заверен од превозникот и извозникот со уредно внесени податоци во потребните полиња
3. За можност за царинење повторно е потребно полмомошно објаснето како и во објаснувањето за увоз.
ПРОЦЕДУРИ ЗА ТРАНЗИТ НА СТОКА
1. Оваа Царинска постапка се врши тогаш кога е потребно да се изврши транзит на неоцаринета стока која ја следат соодветни документи со меѓународен патен товарен лист ЦМР, од една до друга царинска испостава во царинското подрачје на Република Македонија. За да се изврши оваа постапка потребно е:
Примателот на стоката да биде внесен во единствениот царински регистар;
стоката да е пристигната со соодветна фактура и пакинг листа
гаранција за транзитирање на стоката (која ја поседуваат сите шпедитерски компании со различна висина на сумата).
2. Транзитот на стоката во зависност од големината и тежината на пратката се врши исклучиво со возила кои може да се пломбираат соодветно со царинските прописи и кои ги прати соодветна транзитна царинска декларација односно Т1 документ (пропратница) и непходниот меѓународен патен товарен лист ЦМР.
3. Рокот на транзитирањето од една до друга Царинска испостава изнесува 24 часа и ако превозникот не се јави до одредишната Царинска испостава во тој рок, следуваат Царински прекршоци до истиот.
4. За да се изврши оваа постапка, потребни се податоци за превозникот:
регистрација на превозно средство, име и презиме на превозникот и број на пасош.
ЗА РЕЕКСПОРТ НА СТОКА
1. Оваа постапка се изведува кога се продава неоцаринета стока која ја следат соодветни документи и меѓународен патен товарен лист ЦМР, а која е донесена во Македонија од странски извозник за македонска фирма, на странски купувач .
Потребни се следниве документи:
транзитна царинска декларација Т1 (пропратница);
ф-ра за продажба на стоката од македонскиот извозник кон странскиот купувач, која треба да е поголема од ф-рата испратена од странскиот извозник за македонската фирма и
соодветен меѓународен товарен лист
Реекспортот може да се изврши директно на камион (ако целата стока во камионот е наменета за реекспортот) или, ако стоката веќе е истоварена, под царински надзор. Ако во рок од 20 дена откако е истоварена под царински надзор во царински склад не е извршена постапката за реекспорт, тогаш стоката во царинскиот склад доколку истиот има дозвола за тоа,се префрла на документ ИМА-7 односно се става на подолго чување под надзор во царински склад. Во тој случај за да се направи реекспорт на стоката потребно е да се направи извозно – транзитна царинска декларација наместо само транзитна декларација.