Морски транспорт

FCL, УТОВАР НА ЦЕЛ КОНТЕЈНЕР

Ние Ви нудиме индивидуални решенија за транспорт на сите видови на стоки со користење на различни видови опрема и капацитети. Максимално добро транзитно време и навремена информација за местоположбата на вашите пратки е наш приоритет.

Соработуваме со голема група на бродски транспортери кои ги покриваат поголемите бродски сојузи, со обезбедено место за нашите пратки во секое поголемо бродско пристаниште, за да ја оправдаме довербата.

Нашата експертиза подразбира и фокусирано и професионално изработување на секој конвенционален карго транспорт.

LCL, ЗБИРЕН МОРСКИ ТРАНСПОРТ

Користејќи ја нашата глобална, партнерска мрежа од најдобрите специјалисти во морскиот транспорт ги доставуваме сите збирни пратки на нашите клиенти од и до сите поголеми пристаништа во светот.Планираните испловувања се управуваат од крај до крај за да се осигура навремено пристигнување на пратките и да се исполнат ветувањата.

Нудиме директни линии од далечниот и средниот исток до Македонија. Shanghai, Ningbo, Qingdao, Shenzhen,Xiamen, Wuhan, Nanjing, Hangzhou, сите пристаништа во Taiwan, Nhava Sheva, Busan, Singapore, Hong Kong, Guangzhou, Zhongshan, Foshan, Jiangmen.

Побарајте не.