Инкотермини

Паритети (Incoterms) 2017

Правилата на паритетите ( Интернационални комерцијални термини – Инкотермини ) се серии на предходно дефинирани комерцијални услови издадени од Меѓународната Стопанска Комора.Тие често се користат во Интернационалните комерцијални (банкарски) трансакции или процесите за набавка. Три букви во серија означуваат термини за размена врзани за општи договорни продажни практики, и се наменети примарно јасно да ги комуницираат задачите, трошоците како и ризиците врзани за транспортот и доставата на добра.

Инкотермините- паритетите во 2016 година беа организирани во две категории:

за сите видови на транспорт:

EXW- Ex Works – франко фабрика(договорено место)
FCA – Free Carrier – франко превозник(договорено место)
CPT – Carriage Paid To – превозот е платен до (договорено место)
CIP – Carriage Paid, Insurance – превоз и осигурување до (договорено место)
DAT – Delivered at Terminal (new) – доставено до терминал (нов)
DAP – Delivered at Place (new) – доставено до место (нов)
DDP – Delivered Duty Paid – доставено и оцаринето (договорено место)

само за морски транспорт:

FAS – Free Alongside Ship – франко до страната на бродот (договорено пристаништена поаѓање )
FOB – Free On Board – франко брод (договорено пристаниште на поаѓање)
CFR – Cost and Freight – цена со превозот (договорено Пристаниште)
CIF – Cost, Insurance and Freight – цена со превоз и осигурување (договорено пристаниште)

Правилата според инкотермините се прифатени од владите,легалните авторитети и оние што ги практикуваат во светски рамки за толкување на најчесто користените термини во меѓународната трговија. Тие се наменети да ги намалат или отстранат сите несигурности кои произлегуваат од различни интерпретации на правилата во различни земји и како такви, редовно се инкорпорираат во продажните договори во целиот свет.

Токму затоа тие се навистина важни во смисол на регулирање. Им дозволува на авторитетите да судат под уникатен систем кој ја прави комуникацијата полесна за секој купувач и продавач во светот.

Не ретко гледаме Кинески продавач ( на пример) да го продава продуктот со FOB цена без да објаснува дека во цената на добрата не е вклучен транспортот на добрата и таксите.

За појасна слика за ИНКОТЕРМИНИТЕ разгледајте ја табелата од доле.

incoterms 2017